Дочиле е основана во 1991 година во градот Лажеадо, Рио Гранде до Сул, во јужниот дел на Бразил. Во нивното портфолио има повеке од 250 производи, поделени во повеќе категории, и тоа : Гумени Бонбони, Тврди Бонбони, Гуми за џвакање, Желе бонбони и Маршмелови. Дочиле располага со модерна опрема, специјализирани професионалци и оптимизиран производствен систем, сместени во две фабрики- Лажеадо / РС и Виторија де Санто Антао / ПЕ - со површина од 33,5 илјади м2 и производствен капацитет од повеќе од 2,6 милиони килограми бомбони месечно, што го задоволува целиот Бразилски пазар. Производите на Дочиле се извезуват во повеќе од 60 земји..