Семејната компанија Топ Базар го започнува своето делување со продажба на текстил и отворање на малопродажен објект за продажба на облека. Но поради силната визија за бизнис, добрата организација во работењето и мудрите одлуки на менаџментот, со текот на времето, компанијата го проширува своето работење и водејќи се од основните принципи на делувањето започнува соработка со компании на кои им е потребен пласман и дистрибуција на своите производи во регионот каде Топ Базар делува.
Трансформацијата во делувањето се случува во 1997 година кога почнува склучувањето на ексклузивни договори за дистрибуција со неколку познати брендови во областа на тутунската индустрија, мобилните телефони и технологија и млечната индустрија.


Во сите овие години на делување, компанијата Топ Базар прераснува во моќен дистрибутер на стоки за широка потрошувачка во источниот регион на Македонија, снабдувајќи повеќе од 2.000 продажни објекти односно активни купувачи. Поради континуираното вложување во ресурси и квалитетен кадар, со постојани обуки и надградување на своите вработени и техничко-технолошко унапредување на работните процеси, Топ Базар прерасна во компанија која поседува модерна дистрибуција и квалитетен тим, со што се отвори можноста за поставување дистрибуција на национално ниво. Со ова, се јави и потребата од нови брендови и производи кои ќе бидат застапени на целата територија на државата, па менџментот постигнува договор за ексклузивен увоз и дистрибуција на брендот „Roshen“ во 2017 година, кога и поставува национална дистрибуција со овој кондиторски бренд. Во следниот период, од 2021 до денес, Топ Базар како ексклузивен увозник и дистрибутер, во своето портфолио брои брендови чии производи се застапени во продажната мрежа низ Македонија, европски познатите украински брендови ,,Millennium’’, ,,AVK’’, ,,Zhitomyr’’ и eден од најпознатите бразилски кондиторски брендови ,,Docile’’ како и останати брендови.